5 знаци дека ви треба нова веб страна 1
31
Авг

5 знаци дека ви треба нова веб страна

Како што веќе знаеме Вашата веб страна е место број 1 за маркетинг на вашиот бизнис.  Ако кажете дека немате буџет за веб страна тоа е како да кажете  дека немате пари за да платите фирмарина ( дали е дооел или доо сосема небитно). Порано или подоцна ќе се соочите со големи проблеми, ако не издвоите пари за највредната инвестиција во вашиот бизнис, сопствена веб страна!

1. Се вчитува со брзина на полжав

Бавната веб страна не е само навреда за корисникот, туку ова  има негативно влијание врз рангот кај пребарувачите, што пак отежнува луѓето да ве најдат.

GTMetrix е бесплатна алатка која може да ја искористите веднаш за да ја анализирате брзината и да видите во каква форма е вашата веб страна .

5 знаци дека ви треба нова веб страна 2

2. Не е оптимизирана за мобилните уреди

Просечно во светот 52,2 % од целиот интернет сообраќај денес доаѓа од мобилни телефони, што значи дека е исклучително тешко да се одржи конкурентска предност со веб страна која не е оптимизирана за мобилните уреди. Дополнителнио овој просек кај нас оди преку  80%.

5 знаци дека ви треба нова веб страна 3

3. Вашата веб страна не е безбедна

Сајбер безбедноста е многу актуелна – и сега, и во иднина. Клучно е вашата веб страна безбедно да управува со чувствителните информации како што се податоците за купувачите или добавувачите. Инвестирањето во SSL сертификат ви помага да ги заштитите корисниците на вашата веб страна од кражба на информации со криптирање на податоците.

Ако вашата страна не почнува со https:// реагирајте брзо.
“s” на крајот од “https” означува security (безбедност).

5 знаци дека ви треба нова веб страна 4

4. Немате контакти и повици од купувачите

Вашата веб страна постои од неколку причини, а главните се да обезбеди корисни информации за посетителите и да ви “носи” купувачи.

Ако на сегашната веб страна не ве контактираат или имате многу малку посети таа не ја врши основната функција – купувачите да ве “пронајдат”. Тогаш сигурно мора нешто да менувате.

5. Сајтот се вчитува бавно

Ако е потребно премногу време за да се вчита еден веб сајт, или посетителот има слаб интернет. А за 2 секунди чекање посетителот губи интерес за вакви сајтови.

Може да има повеќе причини зошто еден вебсајт е бавен, но најчеста е потребата за ажурирања и промена на некои од застарените елементи. Многу од тие елементи го нарушуваат корисничкото искуство на мобилен а од десктоп корисниците пак се бара постојано да ажурираат и да инсталираат плагини за да прелистуваат содржина.

Заклучок

Дали е време за да ја менувате веб страната? Ако препознавте барем еден од 5-те знаци, тогаш одговорот е потврден, а ние сме тука да ви помогнеме

Вашиот бизнис можеби е мал, но вашите цели можат да бидат големи!